Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец, кој вдолж Повардарието на места ќе засилува, информира УХМР. Во јужните делови локално со зголемена облачност. Максималната пемпература ќе биде 33 степени.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а повремено и засилен ветер од северен правец со температура до 30 степени.
Утре нè очекува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец, особено изразен долж Повардарието и во североисточните делови каде на места ќе засилува. Максималната температура ќе се искачи до 34 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата до 32 степени.
Во понеделник не очекува исто време, а во вторник попладне ќе има појава на локален краткотраен пороен дожд. Ќе има и постепен пораст на пемпературите.
