Денеска времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Минималната темепратура ќе се движи во интервал од девет до 18 Целзиусови степени, а максималната ќе достигне од 23 до 32 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала од умерена облачност и со умерен ветер од северен правец. Минималната температура во главниот град ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 28 Целзиусови степени.
Според синоптичарите, следува период на стабилно време со постепен пораст на дневната температура. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец.