Вчера се изгаснати 25 пожари на отворен простор на повеќе места во државата, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Од пожарите шест се во околината на Куманово, четири во околината на Скопје, по два во Охрид и во Велес и по еден во Свети Николе, Штип и Гевгелија. Како што извести ЦУК, изгаснати се и пожарите во Новаци, Карбинци, Долнени и Лозово.
Центарот за управување со кризи апелира до сите граѓани да внимаваат да не предизвикаат пожар.