Полицијата приведе три лица од Албанија на аеродромот ,,Св. Апостол Павле“ во Охрид. Тие на пасошка контрола приложиле фалсификувани британски патни исправи. Меѓу трите лица е и едно малолетно девојче.
„Денеска (09.08.2023) во 14:30 часот на граничен премин – аеродром ‘Св. Апостол Павле’ во Охрид, полициски службеници ги лишиле од слобода М. В. (24), Б. И. (31) и малолетничка, сите од Република Албанија. При пасошка контрола и проверка било констатирано дека лицата на увид приложиле фалсификувани британски патни исправи“,
соопшти МВР.
Како што информира полицијата, трите лица биле предадени на Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија во Охрид за понатамошна постапка.
Насловна фотографија: интернет-страница на аеродромот