80-годишна жена од Скопје го загуби животот вчера попладне на автопатот обиколница на Град Скопје откако во неа удрило патничко возило кое воопшто не застанало, туку побегнало од местото на несреќата
Од министерството за внатрешни работи велат дека поради повредите со кои се здобила, жената починала на самото место, а лекар од Итната медицинска помош само констатирал смрт кај возрасната жена.
„На 08.08.2023 во 15:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат-обиколница на град Скопје, во близина на надвозник за Раштански пат, патничко возило удрило во пешакот Р. И. (80) од Скопје и го напуштило местото“,
велат од МВР.