Предвидено е да се доделат 50 стипендии за студиската 2023/2024 година

Владата ќе доделува стипендии на студенти – странски државјани кои живеат во другите држави на Балканот, а се со македонско потекло. Стипендиите се за студирање на државните универзитети во земјава.
„Станува збор за предвидени 50 стипендии за странски државјани, студенти со македонско потекло кои живеат во државите на Балканскиот полуостров, а кои ќе се запишат како редовни студенти на државните универзитети, и тоа на: ’Св. Кирил и Методиј‘ – Скопје; ’Св. Климент Охридски‘ – Битола; ’Гоце Делчев‘ – Штип; Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид; ’Мајка Тереза‘ – Скопје и Универзитетот во Тетово, во студиската 2023/2024 година“,
соопштија од Владата по денешната седница.
Од областа на образованието, на седницата се донесени и одлуки за давање согласност за запишување на студенти од втор и во трет циклус на државните високообразовни установи.