Зголемена фреквенција на возила има на граничните премини „Богородица“ и „Табановце“. Како што информира Автомото сојузот на Македонија, за излез од земјава на ГП „Богородица“ и за влез во земјава на ГП „Табановце“ се чека околу 45 минути.

фото: принтскрин
На другите гранични премини од македонска страна нема поголеми задржувања за влез и излез од државата, а интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е зголемен.
