За телевизија одлуката на косовското Министерство за индустрија, претприемништво и трговија е неприфатлива и овој чин го гледат како отворена фронтална војна на Владата против слободните медиуми

Откако пред еден месец Министерството за индустрија, претприемништво и трговија на Косово го суспендираше деловниот сертификат односно лиценцата на приватната телевизија „Клан Косово“, денеска од ова Mинистерство соопштија дека Комисијата за разгледување на претставки за регистрација на бизниси ја разгледала и одбила жалбата што ја поднел медиумот.
Сега телевизијата има право да поднесе тужба до надлежен суд бидејќи предметот е затворен во рамките на Министерството.
Причината зошто Министерството го суспендираше деловниот сертификат на „Клан Косово“ беше што адресата на живеење на сопствениците е заведена како градовите Пеја и Ѓаково да се градови на Република Србија што е во спротивност со основните принципи на косовскиот Устав бидјеќи и двата града се во Косово, а не во Србија.
Во одлуката на Комисијата, што е објавена денеска, се наведува дека косовска Агенција за регистрација на бизниси во прв степен одлучила согласно законот кога го суспендирала деловниот сертификат на „Клан Косова“.

„Образложението на косовската Агенција за регистрација на бизниси (АРБК) за суспендирање на сертификатот беше дека во документите за регистрација на компанијата која е сопственик на предметниот бизнис, ‘КГО Медиа Инвест ДООЕЛ’, општините на Република Косово се претставени како градови на Србија, што претставува повреда на нашиот Устав. Самиот факт што претставниците на ‘Клан Косово’ по толку години започнале чекори за корекција, докажува дека дотичниот бизнис го направил прекршокот констатиран од АРБК и дека со него е донесена и одлуката за суспендирање на деловниот сертификат беше во право“,
се наведува во соопштението на Минстерство за индустрија, претприемништво и трговија на Косово.
Според Министерството, напорите на „Клан Косово“ да ги исправи овие прекршоци не отидоа до крај и сaкаат да знаат која е вистинската причина поради која „Клан Косово“ инсистира Косово да се претстави како дел од Србија.
„Во одлуката на Комисијата е наведено дека во официјалните документи за вистинските сопственици на субјектот ‘КГО Медиа Инвест’ ДООЕЛ, државјанството на сопственикот на овој субјект е наведено како ‘Косово’, додека неговата земја сè уште е ‘Србија’, повторно претставувајќи го Косово како дел од Србија’. Овој наод на Комисијата уште еднаш го отвора прашањето која е вистинската причина поради која ‘Клан Косова’ инсистира Косово да се претстави како дел од Србија?“,
се наведува во соопштението на Минстерство за индустрија, претприемништво и трговија на Косово.
За телевизијата „Клан Косово“ одлуката на Министерството е неприфатлива и овој чин го гледат како отворена фронтална војна на Владата против слободните медиуми.
„Тенденцијата на Владата да фабрикува непостоечки ситуации со одлуката за одбивање на жалбата донесена денеска, како и со обвинувачкото и непрофесионално толкување што Министертвото го објави на официјалната веб-страница на социјалната мрежа Фејсбук, покажува дека вистинската цел не е техничката процедура на еден бизнис,туку замолчувањето на медиумите“,
се вели во реакцијата на телевизијата „Клан Косова“.
Во реакцијата на телевизијата се додава дека во никој случај нема да прифатат ваков авторитарен пристап од државните институции и дека за случајот ќе поднесат тужба до суд при што се убедени дека се на вистинскиот пат.
Од Здружението на новинари на Косово велат дека ова одлука треба да се сфати како одлука на „Движењето самопредделување“ и премиерот Албин Курти за затворање на медиум за првпат по завршувањето на војната во Косово. Одлуката на Министерство за индустрија, претприемништво и трговија на Косово ја осудија сите политички партии, невладини организации како и амбасадори на странски земји.