„Прво да ја видиме Декларацијата, да видиме и таму да не има некакво скриено предавство, бидејќи кога ќе доаѓа нешто од помалиот коалициски партнер во Владата, СДСМ, треба многу убаво да прочитате да не има уште некое распродавање на македонскиот супстрат и македонскиот идентитет“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најавувајќи дека ако нема ништо спорно во Декларацијата, ќе ја поддржат и надградат
Смешни се овие гимнастики на помалиот коалициски партнер СДСМ. Ова е обид да глумат патриоти откако распродадоа сè што можеа да распродадат овие шест години. Ова го изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, коментирајќи ја Декларацијата за Илинден што денеска во Собранието ја поднесе СДСМ.
„Инаку, прво да ја видиме Декларацијата, да видиме и таму да не има некакво скриено предавство, бидејќи кога ќе доаѓа нешто од помалиот коалициски партнер во Владата, СДСМ треба многу убаво да прочитате да не има уште некое распродавање на македонскиот супстрат и македонскиот идентитет“,
рече Мицкоски.
Мицкоски рече дека ако нема ништо спорно, не само што ќе ја поддржеле туку и ќе ја надграделе.
„Бидејќи, се сеќавате уште минатата година зборувавме за една Декларација за македонскиот великан Гоце Делчев, кога овие од СДСМ се потсмеваа, односно велеа дека таков тип на декларација тие немале да поддржат бидејќи заштитиле не знам што“,
кажа Мицкоски.
Мицкоски заклучи дека оваа Влада распродала сè што можело да се распродаде.
Инаку, денеска портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски, изјави дека партијата до собранието поднела Декларација за Илинден – најголемиот македонски државен празник. Рече дека очекува Декларацијата наскоро да се најде пред пратениците и ги повика сите, без разлика од која партија доаѓаат, да ја поддржат и да биде усвоена од македонското Собрание.