Гром не удира два пати на исто место, вели една стара народна. Ама денеска, сепак, се случи такво нешто во Швајцарија, пишува британски „Гардијан“. Маж и момче биле погодени од гром, а потоа истото им се случило на припадници на службите кои дошле да им помогнат
Се започнало околу 8:30 часот утрово, кога од удар од гром биле повредени две лица – 51 годишен маж и 16 годишно момче. Двајцата работеле на поле во Мениерес, гратче во западниот кантон Фрибур.

Според полицискиот извештај, двајцата биле повредени. Постариот сериозно. Помош добиле од персонал од амбулантно возило, а потоа и од хеликоптер за спасување. Во моментот на интервенцијата повторно удрил гром на истото место.
Биле погодени полицаец и пилот на хеликоптер, според швајцарската полиција.
„За среќа, поминале без повреди и можело да им се помогне на лице место од страна на персоналот во амбулатното возило“,
пренесува Гардијан дел од соопштението на тамошната полиција.
Инцидентот се случува набрзо отако 27 годишна жена била сериозно повредена во истиот регион на Швајцарија.