Распитот се одвива на Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и млади, каде што е сместен малолетникот по извршениот напад

Седмооделенецот, кој на 3 мај го изврши масакрот во основното училиште „Рибникар“ во Белград, сведочи во процесот што се води против неговиот татко В.К., јавуваат српските медиуми.
Таткото се товари за кривичното дело тешко дело против општата безбедност. Распитот се одвива на Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и млади, каде што е сместен малолетникот по извршениот напад.
Таткото e осомничен дека непрописно го чувал оружјето со кое малолетникот уби 9 врсници, како и чуварот на училиштето. Исто така, е осомничен дека го обучувал својот син да ракува со оружје и дека го водел на стрелиште.
За потсетување, обвинетиот В. К. беше уапсен откако неговиот син, кој, според законот, не може да одговара кривично бидејќи е малолетник кој не наполнил 14 години, изврши масовно убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“ во белградската населба Врачар.