На повеќе локации на источниот и јужниот фронт во Украина се водат тешки битки меѓу руската и украинската војска. Според официјален Киев, продолжува бавното напредување на повеќе места, но има и локации каде руската војска е таа што е во офанзива
Позициите на завојуваните страни на источниот фронт во војната во Украина се „менуваат динамично“. Борбите во овој дел ескалираат, ја пренесува Си-ен-ен денешната изјавата на Хана Малиар, заменик-министерка за одбрана на Украина.
„Се водат тешки битки и позициите на завојуваните страни се менуваат повеќепати дневно“,
изјави Хана Малиар, пренесува Си-ен-ен.
Русија веќе два дена „активно напредува“ во близина на градот Купјанск, во североисточниот харковски регион. „Ние сме во дефанзива“, додава Малиар.
Но појужно на источниот фронт, Малиар вели дека украинските сили се тие што полека напредуваат околу Бахмут и дека бележат „секојдневен напредок на јужното крило“ од градот. На северното крило на Бахмут, пак, украинските сили се обидуваат да ги задржат своите позиции додека Русите напаѓаат, вели Малиар.
„Во Бахмут, ние го бомбардираме непријалот и непријателот не бомбардира нас“,
додава таа.
Јужно од Бахмут, руските сили исто така се во офанзива, на просторот околу градовите Авдивка и Маринка, вели Малиар.
„Нашите бранители ефективно ги задржуваат. Жестоките борби продолжуваат без промена на позициите“, вели Малиар, пренесува Си-ен-ен.
“Our defenders continue to effectively hold them back. Hot battles continue with no change in positions,” she said.
It is not possible for CNN to immediately verify claims of territorial gains or losses by either side.