Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин „Богородица“

Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) соопштува дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
На граничниот премин „Богородица“ за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила. Времето на чекање е околу 40 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.
Прекин на сообраќајот има на магистралниот пат Охрид – Подмоље, каде што возилата се пренасочува по стариот пат поради сообраќајна незгода.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено.
„АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“,
велат оттаму.