Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) соопшти дека регионалниот пат Струмица – Радовиш, од 09:45 часот е затворен за сообраќај поради опожарено товарно моторно возило.
Нема инфoрмација до кога ќе биде затворен патот и дали сообраќајот се пренасочува.
Дел од медиумите јавуваат дека сообраќајот е во прекин бидејќи на патот е запалена цистерна.