Украина со месеци бара ракети со поголем дострел, но САД, нивниот главен снабдувач, досега одбиваа да ги испратат
Франција ќе и се придружи на Велика Британија во испраќањето ракети со долг дострел во Украина, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон, што ќе им овозможи на украинските сили да ги таргетираат руските војници и логистика длабоко зад фронтот. По пристигнувањето на самитот на НАТО во Литванија, Макрон рече дека одлучил да ја зголеми воената помош за Украина за да и помогне во нејзината контраофанзива.
„Решив да ги зголемам пратките со оружје и опрема за да им овозможам на Украинците капацитет за длабоки напади“,
рече Макрон, одбивајќи да го прецизира бројот на проектили што треба да се испратат.
Украина со месеци бара ракети со поголем дострел, но САД, нивниот главен снабдувач, досега одбиваа да ги испратат.
Во мај, Велика Британија соопшти дека испраќа француско-британски проектили земја-воздух „Сторм шедоу“ (Storm Shadow) направени од МБДА. Нивната француска верзија СЦАЛП има опсег од приближно 250 километри.
Макрон рече дека испраќањето на ракетите ќе биде во согласност со политиката на Франција да и помогне на Украина да ја одбрани својата територија, што имплицира дека Париз добил гаранции од Киев дека ракетите нема да се користат за напади во Русија.