Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон во својата прва изјава после неговата хоспитализација на интензивна нега поради коронавирусот, им се заблагодари на медицинскиот персонал, на кој вели, му го должи својот живот.
„Не можам да им се заблагодарам доволно на медицинските лица. Им го должам мојот живот“, кажа Џонсон.
Џонсон веќе не е на интензивна нега но останува во болницата „Сент Томас“ во Лондон, каде што продолжува да заздравува.
Toj беше хоспитализиран, десетина дена откако беше потврдено дека е позитивен на коронавирусот, a на интензивна нега и му беше даден кислород.
Неговата изјава следува во време кога Велика Британија ја надмина бројката од 10.000 починати од КОВИД-19, од кои 917 во последните 24 часа.
Од британската влада не кажаа кога тој би можел да се врати на работа, додавајќи дека му требаат време и простор за одмор.