На автопатот Демир Капија-Неготино, во близина на бензинска пумпа, синоќа во 22:20 часот полициски службеници го лишиле од слобода Д.С. (30) од Неготино.
Како што соопштија денеска од МВР, тој е затекнат како со патничко возило „ситроен ксара“, со кумановски регистарски ознаки, превезувал седум лица мигранти, од кои шест од Сирија и едно од Египет.
За настанот е известен јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Неготино и Регионалниот центар за гранични работи Југ.
„Д.С. е приведен и по документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, додека илегалните мигранти се предадени од полициски службеници во Полициска станица Неготино по што ќе бидат пренесени во прифатно-транзитен центар“.
информираат од МВР.