Времето денеска ќе биде претежно сончево со повремен умерен ветер вдолж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде од 9 до 19, а максималната од 25 до 34 степени. УВ-индексот ќе изнесува 9.
Во Скопје ќе биде сончево со умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 31 степен.
Од УХМР најавуваат дека и во наредните денови времето ќе биде стабилно. Од утре температурата насекаде ќе биде во значителен пораст, особено од средината на неделата.