Регионалниот центар за управување со кризи – Струмица извести дека пожарот што доцна попладне беше изгаснат кај граничниот премин „Богородица“ повторно е активиран во 18:50 часот. Екипите на противпожарната единица Гевгелија повторно излегле на терен, а во интервенцијата учествуваат и четворица полицајци од граничната полиција.
Претходно ЦУК соопшти дека од 15:42 часот гори нискостеблеста шума околу граничниот премин „Богородица“ на површина околу половина хектар.
Веднаш на терен биле излезени три противпожарни возила со 9 пожарникари, тим од МВР Гевгелија со четворица гранични полицајци и тим од ЕВН „Македонија“ за исклучување на напојување со електрична енергија, согласно оперативните стандардни процедури.
Пожарот беше изгаснат во 17:30 часот пред повторно да се разгори.