Денешниот ден е познат и по името летна долгоденица, односно денеска е најдолгиот ден во годината, а ноќта е најкратка. Денот ќе трае 15 часа и 14 минути

Денеска во 16:57 часот почнува летото и ќе трае до 23 септември кога ќе започне есента.
Паралелно со започнувањето на летото во земјите од северната Земјина полутопка, во земјите од јужната хемисфера, пак, денеска почнува зимата.
Сонцето, во Скопје, денеска изгреа во 4:58 часот, а ќе зајде во 20:13 часот. Денот ќе трае 15 часа и 14 минути.
Денешниот ден е познат и по името летна долгоденица, односно денеска е најдолгиот ден во годината, а ноќта е најкратка.
На денот кога почнува летото, Сонцето го прави својот најголем лак над хоризонтот. Изгрева на североисток, на југ ја достигнува најголемата дневна висина, а заоѓа на северозапад.
Во земјава денеска, на првиот ден од летото, се очекува сончево и топло време со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од 11 до 19 степени, а дневната од 25 до 35 степени.
