Екипите на „Македонија пат“ по седум часа конечно го расчистија патниот правец Прилеп–Градско, кој беше непрооден од рано утринава поради излевањето на Реачка Река, но и поради свлечиште. Како резултат на обилните врнежи рано утринава на патот кај местото кое се нарекува „Мотел Дреново“, се насобра огормно количество вода, додека кај „Плетвар“ пред тунелите имаше свлечиште и одрон на карпи.
Инаку, на истокот на државата, поради излевање на Крива Река, од АМСМ соопштија дека во прекин ќе бидат локалните патишта од Крива Паланка кон с. Варовиште и с. Градец. Исто така, во с. Пчиња (Кумановско) има насобрани дрвја и гранки под мостот на р. Пчиња, со што е намален протокот на реката, па постои опасност од излевање и оштетување на мостот.
