Две лица загинаа, а 13 се повредени откако автобус од Бања Лука, кој превезувал просветни работници на излет, се забил во ѕид на влезот на Требиње.
Несреќата се случила утринава околу 6:40 ч., а автобусот најпрвин удрил во десната страна на ридот и како резултат на огромната сила по импактот, излетал и се забил во камениот ѕид на куќа. На местото на несреќата загинале возачот на автобусот и еден од патниците, додека повредените се пренесени во болница и сите се наоѓаат во стабилна здравствена состојба.
Ортопедот Владо Рашевиќ потврди дека пациентите се примени, и кажа дека од 13 повредени, само три лица се со потешки повреди
„Три пациенти се со тешки телесни повреди, а од нив еден е згрижен на интензивна нега и тој се здоби со повреди на десната бутна коска, додека, пак, другите двајца имаат скршеници на колкот, односно градни пршлени“,
изјави д-р Рашевиќ.
Босанската полиција ќе испитува дали станува збор за возачка грешка или, пак, за техничка неисправност на возилото.