Обвинителството соопшти дека малолетникот испукал неколку куршуми кон наставникот и со еден го погодил во вратот. Осомниченото дете е приведено во локалната полициската станица и во тек е истрагата во врска со мотивите и другите детали за пукањето
Застреланиот наставник со иницијали Н.О., роден 1985 година, со тешка повреда на вратот бил пренесен и опериран на Клиниката за оториноларингологија при Универзитетскиот клинички центар Тузла. Како што соопштиле од Клиниката, и покрај успешната операција, тој и натаму е во животнозагрозувачка состојба
Ученикот, кој денеска со пиштол застрела и рани наставник во основно училиште во Лукавац кај Тузла во Босна и Херцеговина, немал наполнето 14 години, соопшти обвинителството на кантонот Тузла. Осомничениот малолетник, како што се наведува, 14 години ќе наполни кон крајот на јуни.

Обвинителството соопшти дека малолетникот испукал неколку куршуми кон наставникот и со еден го погодил во вратот. Осомниченото дете е приведено во локалната полициската станица и во тек е истрагата во врска со мотивите и другите детали за пукањето.
Министерот за образование на кантонот Тузла, Ахмед Омеровиќ, на прес-конференција рече дека овој ученик на крајот на минатата година бил префрлен во друго училиште во тој град поради дисциплинска мерка.
Според Министерството за внатрешни работи на кантонот, пукањето во училиштето во овој град на северот на Босна и Херцеговина било пријавено околу 9 часот.
Откако испукал од пиштолот, малолетникот го фрлил оружјето, кое било најдено и подигнато од полицијата за натамошно вештачење. Полицајците, како што е соопштено, го затекнале осомниченото дете на самото место.
„Веднаш по приемот на пријавата, кога полициските службеници од полициската станица Лукавац излегле на местото на настанот, затекнале дете за кое постои сомневање дека пукало со огнено оружје, при што биле пронајдени фрлено огнено оружје и други предмети“,
соопштиле од полицијата, од каде што додале дека детето на неполни 14 години е под полициски надзор.
Застреланиот наставник со иницијали Н.О., роден 1985 година, со тешка повреда на вратот бил пренесен и опериран на Клиниката за оториноларингологија при Универзитетскиот клинички центар Тузла, соопштиле од полицијата, пренесува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ).
„Според досегашните информации, повредениот е опериран на Клиниката за оториноларингологија“,
навеле од Министерството за внатрешни работи.
Помошник-директорот за медицински работи на Универзитетскиот клинички центар Тузла, Игор Худиќ, на прес-конференција по пукањето во Лукавац изјавил дека нешто по девет часот во УЦК Тузла бил донесен 38-годишен маж со прострелни рани во пределот на вратот. Тој, како што пренесува „Дневни аваз“, изјавил дека по неколкучасовната операција завршила успешно и дека пациентот е стабилен, но и натаму е во животнозагрозувачка состојба.

„Пациентот е реанимиран веднаш по приемот во установата, направени се неопходните дијагностички процедури пред да влезе во операционата сала и да се подложи на оперативната процедура. Постапката е направена на Клиниката за болести на уво, грло и нос и хирургија на врат и глава. Во Оперативниот тим учествуваа колеги од Клиниката за ортопедија и травматологија. За време на операцијата успешно е извршена уште една процедура за реанимација на пациентот. Во 12:30 часот, по дополнителни дијагностички процедури и третман, тој е пренесен на одделението за интензивна нега на Клиниката за анестезија и реанимација. Според информациите што ги добив од раководителот на Клиниката пред неколку минути, пациентот е стабилен, но се уште е во животна опасност“,
рекол Худиќ.
Од полицијата соопштиле дека на местото на настанот излегол и обвинител за малолетници и дека согласно одредбите од Законот за заштита на деца и малолетници во кривичната постапка не можат да дадат повеќе информации.
„Осомничениот е дете што сè уште немало 14 години. Детето е приведено во СВР Лукавац. Откако испукалo неколку куршуми во наставникот и со еден истрел го застрелал, го фрлилo пиштолот кој бил пронајден и ќе биде предмет на вештачење“,
соопштило Обвинителството на кантонот Тузла.
Во истрагата, како што се наведува, се вклучени двајца обвинители и Центарот за социјални работи кои се во контакт со одредени медицински и други надлежни институции во однос на третманот на детето согласно Законот за заштита и постапување со деца и малолетници во кривичната постапка на земјата.
Се додава дека се преземаат потребните истражни дејствија за утврдување на сите околности поврзани со овој настан.
Министерот за образование на тузланскиот кантон Ахмед Омеровиќ изјавил дека властите ќе чекаат Обвинителството да ја спроведе истрагата, по што ќе излезат со повеќе детали.
„Детето од второ полугодие е префрлено во друго училиште поради дисциплинска мерка“,
рекол Омеровиќ додавајќи дека наставата во сите училишта во тој кантон завршува денеска.

Един Делиќ, градоначалникот на Лукавац, изјави дека во медиумите се појавиле многубројни информации, потенцирајќи ја притоа важноста од нивна претходна проверка.
„Со акцијата на полицијата, која беше на влезот во училишниот двор, малолетникот веднаш беше разоружен и приведен. Полицијата реагираше многу брзо. За жал, се случи најлошото. Мораме да се погледнеме во очи. Имаме системски проблем. Постапи и Центарот за социјална работа и училиштето и МВР, но се поставува прашањето кога сите ќе завршат, што понатаму?“,
рекол Делиќ.

Министерот за безбедност на Босна и Херцеговина, Ненад Нешиќ, побара итна реакција на сите надлежни органи за да се спречат трагедии како оваа.
„Ако не можеме да ги заштитиме децата, која е целта на нашето практикување на власта? И тоа не е само безбедносниот сектор, туку сите институции мора да почнат да работат подобро. Од државно ниво до локалните заедници. Очигледно е дека атмосферата на расправии, конфликти и вербални конфликти кои се создаваа во општеството со години, си го зема својот данок“,
изјавил Нешиќ.
Тој додал дека се потребни измени во законодавството во повеќе области и оти е неопходно да се изгради општество на толеранција, солидарност и меѓусебно почитување.
Од канцеларијата на Детскиот фонд (УНИЦЕФ) и Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО) во Босна и Херцеговина апелирале до медиумите, а особено до членовите на онлајн заедниците да се воздржат од шпекулации за мотивите и од објавување видеа или слики од инцидентот.
„Сето ова може да има негативни последици за децата и нивните семејства“, н
авеле од УНИЦЕФ и УНЕСКО во Босна и Херцеговина, пренесува РСЕ.
Пред точно четириесет дена ученик, исто така на неполни 14 години, изврши масакр во основното училиште „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград, каде што беа убиени 10 лица, а повеќемина беа ранети.