Русија и Украина истовремено најавија дека ќе се ослободат 100 руски и украински војници од двете земји, по што тие ќе може да се вратат во своите домови, во матичните држави. Руското министерство за одбрана соопшти дека успешно испреговарало размена на 94 воени заробеници со Украина, за кои добиле уверување дека ќе бидат однесени во медицинска установа каде што ќе бидат прегледани и испратени дома. Од друга страна, и шефот на претседателската администрација на Украина, Андриј Јермак, изјави дека во Украина се вратени 95 украински војници, меѓу кои се припадниците на националната гарда и граничари кои учествувале во борбите во близина на градот Мариупол, за кој минатата година се водеше жестока битка, а кој сега се наоѓа под руска опсада. Дел од војниците што се враќаат биле дел и од борбите кај Чернобил, Змискиот остров во Црното Море, но и од Бахмут, град кој падна во рацете на руските војници пред околу еден месец.
Свет