Земјотрес со јачина од 6,2 степени по Рихтеровата скала го погоди северниот дел на Јапонија. Епицентарот на земјотресот е на длабочина од 112 километи кај островот Хокаидо во северниот дел од земјата. На социјалните мрежи се споделуваат снимки од моментот на земјотресот, а сè уште нема информации за тоа дали има повредени или загинати лица.
Локалните жители велат дека најпрво слушнале силна неподнослива бучава, по што објектите во градот почнале да се тресат. Од јачината на земјотресот е испукан бетонот на улиците. И покрај тоа што станува збор за силен земјотрес, барем засега не е издадено предупредување за можно цунами.