Според портпаролката на СВР Штип, во несреќата на самото место животите ги загубиле 15-годишно девојче и 62-годишна жена. Во сообраќајката има и тешко повредени лица, но колку точно, сè уште не е познато. Тие со возила на Итната помош се пренесени во Клиничката болница во Штип
Две лица, од кои едното девојче на 15-годишна возраст, ги загубиле животите во тешка сообраќајна несреќа која денеска околу пладне се случила на автопатот Штип – Свети Николе, во близина на патарината кај село Кадрифаково.
Несреќата во која учествувале две возила се случила во 12:10 часот, потврдила за МИА портпаролката на Секторот за внатрешни работи – Штип, Гордана Панајотова.
Според портпаролката, во несреќата на самото место животите ги загубиле 15-годишно девојче и 62-годишна жена. Во сообраќајката има и тешко повредени лица, но колку точно, сè уште не е познато.
Тие со возила на Итната помош се пренесени во Клиничката болница во Штип.
Возила на Итната помош и на Територијалната противпожарна единица – Штип се на терен, а сообраќајот на автопатот во правец од Штип до клучката кај Кадрифаково е во прекин, поради што полицијата ги пренесочува возилата по стариот регионален пат.
Во моментов, во тек е увид од страна на истражните органи.