Оттаму посочуваат дека „неговиот луксуз се должи на криминалот и корупцијата кои ги прави оваа влада на ДУИ и СДСМ“
Стандардот на облекување на Артан Груби порасна со потпишувањето на договорот за коридорите 8 и 10-д. Артан Груби глуми моден гуру и, замислете, на очиглед на целата македонска јавност, се облекува во патики кои чинат дури колку една македонска плата. Артан Груби вчера, смеејќи ѝ се на целата македонска јавност во лице се пофали со патики „Off-White” кои чинат над 450 евра, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ од каде што испратија и фотографии.

„Да потсетиме дека половина милион граѓани живеат со само 150 денари на ден и немаат леб да јадат, а Груби почна да се облекува во патики кои чинат повеќе од 27 000 денари. Нека се запраша дали тие граѓани на своите деца можат да им купат патики од над 27 000 денари. Груби е човек кој е познат по своето семејно брзорастечко мултимилионско богатство, стекнато под сомнителни околности. Потсетете се само кој беше Артан Груби и дали носеше патики од над 450 евра пред да влезе во политиката, кога беше хулиган и погледнете го сега откако се потпиша договорот за коридорите 8 и 10-д“,
се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму посочуваат дека „неговиот луксуз се должи на криминалот и корупцијата кои ги прави оваа Влада на ДУИ и СДСМ“.