Во текот на вчерашниот ден, само во Скопје полицијата казнила 211 возачи.
Од санкциите, 70 се за возење со повеќе од дозволената брзина, 16 мерки за возење без возачка дозвола, 21 санкциja за возење под дејство на алкохол.
Изречени се три мерки за користење мобилен телефон при возење, две за возач почетник, шест санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло…

„Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“,
велат од МВР.
