Шефот на градската воена управа на Киев, Серхи Попко, на Телеграм изјави дека воздушната одбрана на градот ги одбила сите руски напади во текот на ноќта

Властите во главниот град на Украина, Киев, известија дека утринава градот повторно бил под закана од руски ракетни напади.
„Уште еден воздушен напад врз Киев кој е 13-ти по ред од почетокот на мај. И, како и секогаш, ноќе. Овој пат нападот го извршија стратешките бомбардери ‘Ту-95МС’, од регионот на Каспиското Море, веројатно со крстосувачки ракети ‘Х-101’“,
се вели во објавата од градската управа на Киев на Телеграм.
Шефот на градската воена управа на Киев, Серхи Попко, на Телеграм изјави дека воздушната одбрана на градот ги одбила сите руски напади во текот на ноќта.
„Според прелиминарните информации, откриени и уништени се сите непријателски цели во воздушниот простор на Киев. Податоците за жртви и разурнувањата се уште се утврдуваат. Но, како резултат од паднати остатоци евидентирано е оштетување на покривот на еден трговски центар, а има оштетени и автомобили“,
вели Попко додавајќи дека жителите на Киев треба строго да ги следат безбедносните правила кога ќе се објави воздушна тревога.

Експлозии утринава се слушнале и во рускиот град Краснодар, објави локалниот канал „Телеграм Баз“. Експлозиите биле во 04:17 часот, а нема повредени. Како што пишува каналот, градот со милион жители бил нападнат со дронови, по што била активирана противвоздушната одбрана.
From a Russian telegram channel:
— Natalka (@NatalkaKyiv) May 26, 2023
“The operational headquarters officially confirmed the incident in Krasnodar. According to official information, the explosion occurred at 4:17 am local time. No one was hurt during the explosion.
The security forces are currently on the scene.”… https://t.co/IyZD3sQsLF pic.twitter.com/NukWZaeWxY