Загриженоста ја покренале адвокатите за време на подготовките за официјалната јавна истрага за справувањето на Владата со пандемијата на ковид
Поранешниот британски премиер Борис Џонсон повторно ќе мора да се појави пред полицијата поради новите тврдења за прекршување на карантинот за време на пандемијата на ковид, соопштено е вечерва, пренесува „Дејли мејл“.
Како што се наведува, канцеларијата на британската влада ја пренела загриженоста до Метрополитенската полиција и полицијата на долината Темза за наводните посети на пријателите на поранешниот премиер на Чекерс, резиденцијата на британските премиери од 19 век со затворен базен, во северозападен Лондон.
Загриженоста ја покренале адвокатите за време на подготовките за официјалната јавна истрага за справувањето на владата со пандемијата на ковид.
„Информациите излегоа на виделина за време на процесот на подготовка на докази за отпочнување на истрагата за ковид. Тие беа идентификувани како дел од нормалниот преглед на обелоденување на потенцијално релевантните документи кој го спроведува правниот тим за сведоците на истрагата. Во согласност со обврските од Законот за државна служба, овој материјал е проследен до релевантните органи и сега е до нив“,
изјави портпаролот на кабинетот за „Тајмс“.
Поранешниот премиер, кој минатата година беше казнет поради кршење на правилата за ковид во 2020 година, негира дека сторил нешто лошо.
