Посетата на украинскиот претседател е симболична и се случува на одбележувањето на Денот на мариниците во Украина. По тој повод, Зеленски им додели државни награди на војниците на овој фронт, при што им се заблагодари за службата за украинскиот народ
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ги посети маринците на источната линија на фронтот на вооружените сили на Украина во регионот Донецк, за да им се заблагодари за нивната улога во одбраната од руската инвазија на земјата.

Зеленски ги посети првите позиции во одбранбената зона Вухледар-Маринка каде што со месеци се водат битки со руската армија. За време на посетата, командантот на маринците и Оперативната тактичка група Донецк го информирал украинскиот претседател за моменталната ситуација во конкретната област на фронтот.
„Секој ден на бојното поле украинските маринци докажуваат дека се моќна сила која го уништува непријателот, ги ослободува украинските територии и ги извршува најтешките задачи во најтешки услови. Ни треба повеќе од оваа сила“,
рече претседателот.
Додаде дека од денес Украина значително ќе го зголеми потенцијалот на маринците и најави формирање на неколку нови бригади од тие единици.

Посетата на украинскиот претседател е симболична и се случува на одбележувањето на Денот на мариниците во Украина. По тој повод, Зеленски им додели државни награди на војниците на овој фронт, заблагодарувајќи им се за несебичната служба за украинскиот народ.