Во Скопје, времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне ќе има повремен дожд, а попладнето ќе биде со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Температурата наутро ќе биде 12, а во текот на денот до 19 Целзиусови степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно, а во утринските часови во источните делови од земјата ќе има врнежи од дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Околу пладне и во попладневните часови се очекува да има пообилни врнежи од дожд во западните делови од земјата, каде што ќе биде и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Попладне во источните делови облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието на места засилен ветер од северен правец, информираат од УХМР.
Температурата наутро ќе биде од 6 до 14, а во текот на денот од 11 до 22 Целзиусови степени.
Во Скопје, времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне ќе има повремен дожд, а попладнето ќе биде со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Температурата наутро ќе биде 12, а во текот на денот до 19 Целзиусови степени.
Утре времето ќе биде сончево со мала облачност и со слаб ветер од северен правец. Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност. Утрешните температури ќе се движат од 15 до 25 степени.