Поради масакрот во основното училиште во Белград, во кој загинаа девет лица, денеска е прогласен ден на жалост и во Босна и Херцеговина
Од денеска до недела во Србија е прогласена тридневна жалост поради масовното убиство што се случи во основното училиште „Владислав Рибникар“ на 3 мај.

Владата на Србија донесе одлука 5, 6 и 7 мај да ги прогласи за денови на национална жалост поради трагедијата во која 13-годишно момче со пиштол уби девет лица, од кои осум деца и еден возрасен, а повреди уште шест ученици и една наставничка.
Знамињата се спуштени на половина копје, а сите активности започнуваат со едноминутно молчење.
Поради масакрот во основното училиште во Белград, денеска ден на жалост е прогласен и во Босна и Херцеговина.
„Знамињата на институциите во БиХ ќе бидат спуштени на половина копје, телевизиските и радиосодржините, како и сите спортски и забавни настани планирани за тој ден, треба да се приспособат на денот на жалоста“,
соопшти Советот на министри на БиХ.