За малолетникот што пукал вели дека оделе во исто одделение, дека бил тивок и фин и имал добри оценки
Утринава околу 8 часот имало пукање во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, Белград. Според досега познатите информации, пукало момче на возраст од 14 години, а починале осум деца и чуварот.
Ученичка од ова училиште која бил на местото на настанот за „Прва“ ги кажала сите детали за овој немил настан. Евгенија, која го напуштала часот по физичко, рекла дека слушнала истрел и го видела чуварот како паѓа на подот.
„Слушнав звуци и мислев дека момчињата фрлаат петарди. Видов како чуварот паѓа на подот. Се вратив таму каде што бев, им кажав на наставниците дека видов дека пукаат. Слушнав за 7-2 одделение, другарка ми кажа дека тој што пукал влегол кај нив на час, момче било застрелано во нога, едно девојче… Слушнав дека пукал непрекинато, не било едно по едно, туку континуирано. Не знаевме што се случува, сè добивавме преку пораки. Покрај салата за физичко имаше мал простор каде што сите се стиснавме. Седевме таму, па нè префрлија во друга сала, каде што беше уште побезбедно. Не сакав да ѝ кажам на мајка ми, не знаев каде е. Подоцна ѝ реков дека сум безбедна“,
вели Евгенија, пренесува Блиц.рс.
За малолетникот кој пукал вели дека оделе во исто одделение, дека бил тивок и фин и имал добри оценки.
„Не знаев многу за него, но не очекував да се случи тоа“,
изјави Евгенија.
Поврзани вести:
- (ФОТО+ВИДЕО) Со црна јакна на главата, полицијата го спроведе ученикот што пукаше во школо во Белград
- Познат идентитетот на убиецот од Врачар: Коста Кецмановиќ, кој уби најмалку шест соученици, учествувал на многу училишни натпревари
- Шестмина починати во пукањето во училиштето во Белград, учениците во шок: Сите почнаа да викаат, настана паника
- Малолетник влегол во училиште во Белград и почнал да пука, има починати и повредени