Новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ се емитува вечерва (1 мај 2023 г.) од 22:15 часот на ТВ Алсат
Во ова издание:
– По сторијата за куќата на Халкидики на име на тештата на претседателот на ДИК, Антикорупциска тргна по трагата на парите; „Многу е лесно е да најдете некој што ќе ви го ‘чува’ имотот и нема да биде во кругот на луѓе за кои има задолжение да се пријави имотот и интересите“ – коментира Миша Поповиќ од Институтот за демократија;
– Обвинителството чека некој друг да му каже дали има основи да постапува за неверојатните профити на подизведувачите на „Дермалог“ во набавката на фингерпринт-апаратите; Активна е само ДКСК од каде што најавуваат скорешно заокружување на проверките;
– 34 милиони евра јавни пари потрошени на провизии за подигнати, а неискористени кредити од 2012 г. до денес: Само за пругата кон Бугарија попусто отишле 7,1 милиони евра; Какви се наодите и препораките на ДЗР;
– Лицата со попреченост и достапноста на јавните услуги – сторија од терен;
– „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 22:15 часот на ТВ Алсат.