Новото дебатно издание на емисијата „360 степени“, во кое гостува директорот на Оперативно-техничката агенција (ОТА), Зоран Ангеловски, се емитува вечерва (28 април 2023 г.) од 22:15 часот на ТВ Алсат
Во ова издание имаме ретка можност да разговараме со директорот на Оперативно-техничката агенција (ОТА), Зоран Ангеловски. Тоа е институцијата во која, по распуштањето на УБК, се пресели опремата за следење на комуникациите. Поводот за гостувањето на директорот Ангеловски е воспоставувањето дигитален систем за создавање, чување, обработка и пренос на класифицирани документи поврзани со иницирање и издавање наредби за прислушување – легално, се разбира. Тој систем, креиран на иницијатива на ОТА, ја заменува актуелната размена на документи во хартиена форма, со затворени плика и курири. Ангеловски го прашуваме дали, сепак, може да постои прислушување без судска наредба, дали може да функционира парасистем од, на пример, стан во Скопје и дали има жолто комбе во земјава.
Емисијата се емитува од 22:15 часот на ТВ Алсат.