Во дебата на „360 Степени“, универзитетската професорка Ана Чупеска-Станишковска, зборуваше за тоа дали локалните избори и исходот од нив може да бидат вовед во нови предвремени парламентарни избори.
– Тезата е оправдана. Овие избори се избори за допобедување, како што вообичаено, жаргонски, тоа се кажува, конечно одмерување на силите и во интерес на двете страни, односно власта и опозицијата. Мислам дека им е од интерес да добијат што порелевантни податоци во врска со предвидувањата, меѓутоа тоа е невозможно, бидејќи гласањето е деликатно, во смисла дека може дневно да се менуваат рејтинзите, плус целосното изборно однесување на луѓето, невозможно е да предвидиме како ќе се одвива. Претпоставките се дека можеби март, на пролет, независно од исходот, дали позиција или опозиција, можеби би се случиле и предвремени парламентарни избори – рече Чупеска-Станишковска.