Хеликоптери АХ-64 Апачи од Форт Вејнрајт, американска воена база во Алјаска, се урнаа во близина на Хили, соопшти 11-та воздушно-десантна дивизија на Фејсбук
Тројца пилоти на американската армија загинаа откако два хеликоптера Апачи се урнаа во центарот на Алјаска додека се враќаа од обука, објави синоќа Вашингтон пост, повикувајќи се на воени претставници.
Хеликоптери АХ-64 Апачи од Форт Вејнрајт, американска воена база во Алјаска, се урнаа во близина на Хили, соопшти 11-та воздушно-десантна дивизија на Фејсбук.
„Првата помош е на лице место. Инцидентот е под истрага“,
соопштија од воената единица, без да соопштат детали за несреќата.
Претставниците на американската војска не одговорија веднаш на прашањето на Ројтерс за жртви.
Минатиот месец девет војници загинаа во падот на два медицински хеликоптери за евакуација Блек Хок за време на рутинска ноќна мисија над Кентаки, потсети Ројтерс.
Фото: Илустрација/EPA-EFE/FRANCIS R. MALASIG