Од шведската вселенска корпорација велат дека истрагата е во тек, нема повредени, а не е пријавена ниту материјална штета

Истражувачка ракета, лансирана во понеделникот од страна на Шведската вселенска корпорација (ССЦ) од вселенскиот центар Есранџ во северна Шведска, паднала на територијата на Норвешка.
„Ракетата поради дефект е падната на 15 километри во соседна Норвешка. Ракетата достигна висина од 250 километри, каде што се спроведуваат експерименти во нулта гравитација. Потоа е падната во планините на надморска височина од 1 000 метри и на 10 километри од најблиската населба“,
изјави за Ројтерс, Филип Олсон, шеф за комуникации во ССЦ.
Тој додава дека според процедурите кога нешто ќе тргне наопаку се известуваат шведската и норвешката влада.
Истрагата е во тек, нема повредени, а не е пријавена ниту материјална штета.
„Се уште е рано да се шпекулира за причината и очекуваме повеќе информации од тековната истрага“,
велат од ССЦ.
Шведската вселенска корпорација (SSC), која го поседува и раководи центарот, се извини за настанот.
Но, Норвешка ја критикуваше Шведска дека не ги известила официјално.
Портпаролката на норвешкото Министерство за надворешни работи вели дека норвешките власти многу сериозно ги сфаќаат сите неовластени активности на норвешката страна на границата.
„Во случај на какво било прекршување на границата, одговорните треба веднаш да ги известат соодветните норвешки власти, вклучително и Министерството за надворешни работи, преку правни канали. Министерството не доби никакво официјално известување за инцидентот од шведските власти. Работата на норвешка територија за пристап до остатоците од авионот, исто така, бара претходна согласност“,
рече таа.
Норвешкото министерство за надворешни работи соопшти дека не знае дали е предизвикана штета во областа каде што паднала ракетата, додека портпаролот на ССЦ изјави дека ракетата паднала подалеку од било кои населени места.