Речи досега беше државен правобранител во подрачната единица во Охрид, а за државен правобранител на Република Северна Македонија беше именуван на владина седница пред една недела

Агрон Речи и официјално е нов државен правобранител на Република Северна Македонија.
На почетокот на денешната владина седница, пред премиерот и министрите, тој дал заклетва дека ќе работи совесно, чесно и одговорно, согласно Уставот и законите.
Давањето заклетва следува откако пред точно една недела на владина седница Речи беше именуван на оваа функција, што претходните речиси пет години ја извршуваше Фехми Стафа.
Речи досега беше државен правобранител од подрачната единица на Државното правобранителство – Охрид, каде што ја извршувал функцијата од ноември 2020 година. По професија е дипломиран правник и според наведеното во неговата биографија, има долгогодишно правничко искуство во сектори за правни, кадровски и општи работи.