Украинските воздухопловни сили излегоа со соопштение дека станува збор за пад на сателит или метеор
Мистериозен блесок синоќа го осветли небото над главниот град на Украина, Киев, и предизвика вознемиреност кај жителите, а ги натера и властите да ги активираат алармите за воздушен напад.
За неколку часа се огласи воената управа на градот наведувајќи дека причината е сателит кој паднал од орбитата, додека украинските воздухопловни сили, пак, во соопштение наведоа дека станува збор за пад или на сателит или метеор.
„Во моментов не постои ризик непријателот да користи оружје за воздушен напад“,
соопштија од воздухопловните сили, пренесува „Њујорк тајмс“
Блесокот ги поттикна и шпекулациите дека станува збор за вселенско летало на НАСА кое се очекуваше синоќа да влезе во атмосферата.
Од Вселенската агенција, пак, во изјава за Би-би-си рекоа дека не станува збор за нивно летало бидејќи нивниот сателит сè уште бил во орбитата во моментот кога се случил блесокот над Киев.
? More video of the strange flash in #Kyiv.
— KyivPost (@KyivPost) April 19, 2023
We are awaiting official information from the Ukrainian Air Forces. pic.twitter.com/n55vzhlv5k