Четири лица загинаа, а повеќе од 20 се повредени во пукање кое се случило на роденденска прослава во градот Дејдвил, Алабама. Како што објави „Фокс њуз“, пукањето било во танцово студио околу 22 и 30 минути, каде што тинејџери славеле 16-ти роденден.
Од полицијата сè уште нема официјални информации за причините за убиствата, ниту детали околу случајот.
„Утрово тагувам со луѓето од Дејдвил и со луѓето од Алабама“,
напиша гувернерот Кеј Ајви.

Дејдвил има население од околу 3 200 жители и се наоѓа на околу 92 километри од главниот град на Алабама, Монтгомери.