Како што покажува и овој празник, исправниот пат ја искушува вербата, за да ја зацврсти волјата со којашто единствено можно да се постигнат колективниот мир и благосостојба, напиша во писмото до поглаварот на МПЦ-ОА, г. г. Стефан, претседателот на Владата, Димитар Ковачевски
Премиерот Димитар Ковачевски упати писмо со честитки за христијанскиот празник Воскресение Христово – Велигден, до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот охридски и македонски, г. г. Стефан, како и до Светиот архиерејски синод, свештенството и монаштвото на МПЦ-ОА и до сите верници кои денеска го чествуваат празникот.
„Победата на животот над смртта, што ја симболизира Велигден, е силна порака за успехот на храбрите одлуки, кога се носат со искрена верба во заедничкото добро. Во овие времиња на војна на европскиот континент и на светска економска и енергетска криза, повеќе од потребна е обновата на гласот на совеста кај секого и издигнување над лични интереси, со цел заедно да ги осигураме просперитетот и перспективите на сегашните и идните генерации. Како што покажува и овој празник, исправниот пат ја искушува вербата, за да ја зацврсти волјата со којашто е единствено можно да се постигнат колективниот мир и благосостојба. Честит и вековит да е празникот на Христовото Воскресение – Велигден!“,
напиша во писмото до поглаварот на МПЦ-ОА, г. г. Стефан, претседателот на Владата, Димитар Ковачевски.