Во објава на Фејсбук, Касами пишува: „Драг пријател Албин, добредојдовте во Тетово, албанскиот главен град на Северна Македонија!“

Градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами на својот фејсбук профил со многу фотографии се пофали за денешната ненајавена посета на косовскиот премиер Албин Курти.
„Не почести со братска посета нашиот пријател, премиерот на Косово Албин Курти. На средбата разговаравме за многу прашања во интерес на нашите две земји со цел соработка и на централно и на локално ниво. Оваа ненајавена посета уште еднаш ја потврдува нашата братска врска. Заедно да ги градиме и развиваме нашите политики“,
напиша Касами на Фејсбук.
Касами, на средбата со Курти го придружувале и организацискиот секретар на движењето БЕСА Аднан Азизи, како и генералниот секретар Абдуш Демири.
Во претходната објава на Фејсбук, Касами пишува: „Драг пријател Албин, добредојдовте во Тетово, албанскиот главен град на Северна Македонија!“.