Оставката од морални причини, како што најавено, директорот на битолската болница Александар Обедниковски ќе ја поднесе утре. Највата за неговата оставка следува откако за помалку од еден месец во битолската болница починаа шестгодишната Јана Христовска и новороденчето кое починало два часа откако било родено во болницата
Директорот на Клиничката болница во Битола, Александар Обедниковски, најави дека се повлекува од директорската функција и дека утре ќе поднесе оставка од морални причини.

Највата за неговата оставка следува откако за помалку од еден месец во битолската болница починаа шестгодишната Јана Христовска и новороденчето кое починало два часа откако било родено во болницата.
Додека јавноста и здравствените власти со недели го чекаат обукцискиот извештај кој треба да ги покаже причините за смртта на шестгодишната Јана, која почина на 22 март откако прими инфузија во битолската болница, веста за смртта на новороденчето кое починало два часа по раѓањето, повторно ја разбранува јавноста.
По веста за смртта на новороденчето, министерот за здравство Фатмир Меџити денеска ја посети битолската болница и најави дека утре во болницата ќе биде испратен тим од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) за да изврши инспекциски надзор.
Ова ќе биде вторпат за дваесетина дена како инспектори на ДСЗИ ќе вршат надзор во битолската болница по трагичен случај, откако кон крајот на март беше извршен вонреден надзор по смртта на шестгодишната Јана.
Директорот на битолската болница Александар Обедниковски, инаку специјалист ортопед од одделението за Ортопедија и трауматологија, е на чело на болницата во Битола од мај 2022 година.