По свечениот пречек двајцата премиери ќе одржат тет-а-тет средба, по што ќе има разговори меѓу двете делегации

Со највисоки државни и воени почести премиерот Димитар Ковачевски денеска го пречека хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој е во официјална посета на земјава.
По свечениот пречек двајцата премиери ќе одржат тет-а-тет средба, по што ќе има разговори меѓу двете делегации.








Во делегацијата заедно со премиерот Андреј Пленковиќ се високи претставници за економски прашања и за надворешни работи и претставници од хрватскиот Сабор. Во состав на македонската делегација на средбата ќе бидат вицепремиерите за европски прашања и за економски прашања, Бојан Маричиќ и Фатмир Битиќи, како и министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу.
Претходно заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ му посака добре дојде на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ кој слета на Меѓународниот аеродром „Скопје“.
Пленковиќ за време на официјалната посета ќе биде примен и од шефот на државата Стево Пендаровски, како и од собранискиот претседател Талат Џафери, а ќе се обрати и пред пратениците во Собранието.