Новото дебатно издание на емисијата „360 степени“, во кое гостува Влатко Илиевски, адвокат и сопруг на ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, се емитува вечерва (31 март 2023 г.) од 22:15 часот на ТВ Алсат
Беше министерка за внатрешни работи од 2006 до 2015 година, најдолго во историјата на независна Македонија, како блиска соработничка на тогашниот премиер Никола Греувски. Двајцата беа правосилно осудени на казна затвор во ист предмет – за набавката на мерцедесот – познат под името „Тенк“. Но, Груевски побегна, а таа реши до крај да биде достапна за органите на прогонот и институциите. Гордана Јанкулоска на 28 март, пред три дена, направи две и пол години од издржувањето на четиригодишната затворска казна за „Тенк“ во „Идризово“. Неодамна судот во Стразбур ги урна надежите на Јанкулоска и уште седуммина апликанти за брзо ослободување, а во меѓувреме, Комисијата за спречување и заштита од дискриминација донесе мислење со кое констатираше дека таа е дискриминирана со неможноста да ги користи законските погодности што им се достапни на затворениците од машки пол. На овие теми во „360 степени“ разговараме со Влатко Илиевски, адвокат и сопруг на Гордана Јанкулоска.
Емисијата се емитува од 22:15 часот на ТВ Алсат.