Следува формирање работна реформска група која ќе има задача да ги направи драфт уставните амандмани за да го отвориме Уставот, а потоа низ дебата сите политички партии да ги соочат своите аргументи. И на тој начин да го најдеме најдоброто решение за уставните измени кои се важни за нашата европска иднина, вели Лукаревска

Мислам дека не е првпат да се најдеме во ваква ситусција со драстично спротивставени страни на власта и опозицијата, но сметам дека треба и двете да поентираат со силна политичка аргументација, со дијалог со кој ќе може да се разрешат сите настанати состојби во општеството, рече заменик-претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во вечарашното гостување на ТВ Алсат.
„Не смееме да скршнеме од патот на кој сме тргнале, а тоа е патот кон ЕУ. Убедена сум дека не станува збор само да имаме гласање на уставните измени со 80 пратеници, туку сите пратеници во рамки на Собранието треба да ја испочитуваат и да ја поддржат оваа одлука, затоа што друга опција немаме“,
рече Лукаревска.
Заменик-претседателката на СДСМ порача дека во периодот пред нас ќе започне широка јавна дебата за изнаоѓање најдобро и најприфатливо решение за уставните измени.
„Следува формирање работна реформска група која ќе има задача да ги направи драфт уставните амандмани за да го отвориме Уставот, а потоа низ дебата сите политички партии да ги соочат своите аргументи. И на тој начин да го најдеме најдоброто решение за уставните измени кои се важни за нашата европска иднина“,
порача Лукаревска.
Таа кажа дека во работната група ќе членуваат влијателни правници по уставно право, претставници на политички партии и преку дебата и соочување на аргументите ќе се дојде до решение, за стратешката цел да биде остварена.
„Се зборува само за план ‘А’, а не план ‘Б’ и треба да ги искористиме сите можности да припаѓаме во една средина каква што заслужуваме, а тоа е Европската унија“,
рече Лукаревска.
Според неа, оваа одлука не е одлука за спасување на Влада, не е одлука на една политичка партија и одреден состав или поединец, туку е одлука што ќе придонесе за доброто на граѓаните и во државата да почне да функционираат сите оние принципи за кои треба да функционира едно модерно европско општество, а тоа е владеење на правото, социјалната правда, стандард на граѓаните.
„Ние сакаме да бидеме дел од ЕУ, меѓутоа тука, да ги имаме предусловите на убав живот, како сите наши генерациски поврзани целни групи“,
реча таа.
Лукаревска вели дека многу е важно да се донасат уставните измени во Собранието, со сите политички партии, па потоа да одат на парламентарни избори.
„Секоја иницијатива, размислување, идеја на секоја политичка партија ќе биде разгледана во онаа реформска група. Тоа е начинот на кој треба да функционираме, да дебатираме. Тоа и граѓаните го сакаат од нас. Граѓаните не сакаат да гледаат дека ние постојано се препукуваме за сите значајни теми во државата. Овде станува збор за навистина многу важна, неповторлива државничка одлука која треба и имаме обврска да ја донесеме сите заедно“,
додаде таа.
Таа додаде дека ниту една политичка партија не смее уставните измени да ги користи како средство за политички уцени.
„Не е добро да добиеме впечаток дека уставните измени ќе станат предмет на каква било политичка уцена од која било политичка партија. Тие имаат за цел да ја движат државата напред, со сите обврски што ги имаме во позадина. Знаете дека покрај уставните измени ние имаме и други важни реформи, како во правосудството, во обвинителството во јавна администрација, реформата за децентрализација каде исто така ќе биде потребно учество од сите фактори. Ајде прво да ги донесеме уставните измени, па потоа се што е останато во рамки на ова што значи демократичност, транспарентност и владеење на правото да го спроведуваме ред по ред. Мора да направиме дистинкција што ни е приоритет во моментов, дали сакаме добро за граѓаните, сакаме развиена држава, одговорни и транспарентни инситуции или сакаме постојано самите да си ставаме пречки на патот и да тапкаме во место. Треба да бидеме одговорни, за иднината на земјата се работи“,
посочи Лукаревска.
Таа додаде дека во многу наврати имаат потенцирано дека вратите на Европскиот фронт се отворени за сите, па дури и за прогресивните сили во ВМРО-ДПМНЕ.
„За секој оној кој смета дека нашата држава треба да оди напред и да живееме поквалитетно, подобро, во европска држава“,
истакна заменик-претседателката Лукаревска.
Одговарајќи на прашање за евентуални предвремени избори, Лукаревска посочи дека во 2024 година прво ќе се одржат редовните претседателски избори, а потоа согласно роковите и редовните парламентарни избори. Победник на тие избори ќе биде СДСМ, додаде таа.