Борисов порача дека Бугарија си ја завршила својата задача кон Северна Македонија и сега било грижа на Европската унија да ја натера земјата, како што рече, да се однесува европски

ГЕРБ покажа дека е партија што прави европски избори со тоа што им даде зелено светло на Северна Македонија и на Албанија за преговори со ЕУ. Ова го рече вечерва лидерот на оваа бугарска партија и поранешен премиер Бојко Борисов, на предизборен митинг во црноморскиот град Варна, обраќајќи му се на лидерот на Европската народна партија, Манфред Вебер, кој беше гостин на собирот.
Борисов порача дека Бугарија си ја завршила својата задача кон Северна Македонија и сега било грижа на Европската унија да ја натера земјата, како што рече, да се однесува европски.
„Да ги затвораат бугарските клубови, да ги тепаат Бугарите затоа што имаат бугарска самосвест – тоа не е европско и не е цивилизирано. Моето барање е овој процес да се набљудува. Не можеме да бидеме добри повеќе од еднаш. Сега е нивни ред да докажат дека се добри“,
му рече тој на Вебер.