Украинскиот претседател им се заблагодарил на војниците за нивната одбрана на татковината и им доделил државни награди, а со шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, разговарал за заштитата на нуклеарната централа во Запорожје и на нејзиниот персонал
По минатонеделната посета на Бахмут и Херсон, украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја посети првата линија на фронтот во југоисточниот украински град Запорожје.

Тој, како што информира неговиот кабинет, разговарал со припадниците на украинската армија за оперативната состојба на фронтот, им се заблагодарил за нивната обрана на татковината и им доделил државни награди.
„Чест ми е што денеска сум овде и ви благодарам што ја штитите нашата држава, сите нас, нашиот суверенитет, нашите градови, нашите деца. На сите нам ни посакувам победа. Живејте и борете се. Со такви како вас дефинитивно ќе победиме“,
рекол украинскиот претседател, пренесе неговиот кабинет.

За време на посетата на Запорожје, Зеленски се сретнал и со шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, кој, исто така, бил во посета на југоисточниот украински град.

„Денеска во Запорожје се сретнав со украинскиот претседател Зеленски и имавме богата размена на мислења за заштитата на нуклеарната централа во Запорожје и нејзиниот персонал. Ја повторив целосната поддршка на МААЕ за нуклеарните капацитети на Украина“,
напиша Гроси на Твитер.
I met ??@ZelenskyyUa today in Zaporizhzhya City & had a rich exchange on the protection of the #Zaporizhzhya NPP and its staff. I reiterated the full support of the @IAEAorg to #Ukraine’s nuclear facilities. pic.twitter.com/fSPIMnYfhL
— Rafael MarianoGrossi (@rafaelmgrossi) March 27, 2023
Запорожје беше жариште на борбите меѓу Русија и Украина, што предизвика сериозна загриженост за стабилноста на најголемата нуклеарната центарла во Европа, лоцирана во украинскиот град.